Фото: Маја Јаневска-Илиева

Само палестинските власти може да управуваат со Газа по завршувањето на војната меѓу Израел и Хамас, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.

– Хамас повеќе не може да ја контролира Газа. Значи, кој ќе ја контролира Газа? Мислам дека само палестинските власти би можеле да го направат тоа – рече Борел на годишната конференција за надворешна и безбедносна политика во Бахреин.

Борел вчера рече дека актуелната војна меѓу Израел и екстремното палестинско движење Хамас во Појасот Газа е „резултат на колективен политички и морален неуспех“.