Фото: ЕПА

Најмалку 800 луѓе загинаа во силниот земјотрес што го погоди Мароко, а геолозите очекуваат уште потреси.

Неколку стотици се повредени, а земјотресот предизвика и големи материјални штети.

Најголем дел од жртвите и штетите се во тешко достапни планински области.

Еид ал Тарази, професор по геологија на Хашемитскиот универзитет во Аман, вели дека ова е активна тектонска област и дека во наредниот период се очекуваат бројни последователни потреси.

– Станува збор за силен, разорен земјотрес, каков што може да се очекува во оваа област. Претходниот земјотрес со ваква разорна сила се случи пред 120 години. Исто така, голем број разорни земјотреси се забележани во Мароко во последните 500 години – рече Ал Тарази.

Тресењето се случило синоќа околу 23 часот, а според американскиот геолошки институт, јачината на земјотресот бил седум степени, а епицентарот бил на околу 70 километри јужно од Маракеш. Земјотресот бил почувствуван и во крајбрежните градови Рабат, Казабланка и Есауира.