Израелскиот министер и член на воениот кабинет, Бени Ганц вели дека Хамас нема уште долго да има контрола во поголем дел од Појасот Газа и дека враќањето на заложниците дома е приоритет пред која било друга воена цел.
– Постигнувањата на Израелските одбранбени сили (ИДФ) продолжуваат да се зголемуваат. Во голем дел од Појасот, Хамас практично нема уште долго да има контрола. Треба да продолжиме; Ако престанеме сега, Хамас ќе продолжи со својата контрола. Ние сме длабоко во средината на демонтирање на терористичката инфраструктура. Имаме решителност и трпение. Нашите непријатели треба да знаат дека нашата решителност е бескрајна – рече Ганц на прес-конференција во Тел Авив.
Според него, „најважно е враќањето на заложниците, тоа има приоритет пред сите елементи на борбите“.
– До заложниците, ако можете да ме слушнете, сакам да знаете дека правиме се што можеме за да ве вратиме кај вашите најблиски – додаде Ганц.