Франција неодамна испорача на Украина ракетни фрлачи и ќе продолжи со испораката на оружје на почетокот на 2023 година, изјави вечерва францускиот претседател Емануел Макрон.
– Франција во последните денови испорача дополнително оружје, ракетни фрлачи ’Кротал’ и воена опрема – рече Макрон кој престојува на францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ стациониран во близина на Египет.
Макрон рече дека испораката ќе продолжи во текот на 2023 година и додаде дека во првите три месеци треба да се испрати муниција.
Од почетокот на руската инвазија на Украина на крајот на февруари, Франција испрати 18 топови од типот „Цезар“ со дострел до 40 километри, противтенковски и противвоздушни ракети, како и оклопни возила.