На повидок нема договор за прекин на огнот во Украина, се наведува во соопштението на Елисејската палата по денешниот телефонски разговор на францускиот и рускиот претседател Емануел Макрон и Владимир Путин.

Разговорот меѓу Макрон и Путин траел еден час.

Францускиот претседател од почетокот на воениот конфликт на Русија со Украина, осумпати разговараше со Путин, и 17 пати со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во претходно објавеното соопштение од Кремљ се наведува дека Путин и Макрон разговарале за ситуацијата во Украина, како и напредокот на актуелните преговори меѓу руските и украинските претставници.

Кремљ исто така посочи дека разговорот е одржан на иницијатива на Макрон.