Фото: Пиксабеј / Илустрација

Естонија, земја-членка на НАТО, која граничи со Русија, ќе ги зајакне своите одбранбени капацитети со купување на високотехнолошкиот американски ракетен систем ХИМРАС.

Договорот, кој е најголемиот проект за набавка на оружје во историјата на балтичката земја, беше потпишан вчера и е вреден повеќе од 200 милиони долари. Договорот вклучува и муниција и обука за управување со системот.

Предвидено е американската компанија „Локхид Мартин“ да почне со испорака на системот во 2024 година.

Соседите на Естонија, Летонија и Литванија веќе го купија или исто така се во процес на купување на артилерискиот ракетен систем ХИМРАС.

На почетокот на руската инвазија, САД испорачаа ракетни системи на Украина.