Фото: Ердоган/принтскрин

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска им се извини на жителите на провинцијата Адијаман на југоистокот на земјата, една од најтешко погодените од разорниот земјотрес на 6 февруари, поради доцнењето со пристигнувањето на помошта.

– Поради разорниот ефект од тресењето и лошото време, првите неколку дена во Адијаман не можевме да работиме како што сакавме. Се извинувам за тоа – рече Ердоган.

Турскиот претседател денеска го посети тој дел од земјата, три недели по земјотресот во кој загинаа повеќе од 44.000 луѓе во Турција, а ја погоди и соседна Сирија, каде загинаа најмалку 5000 лица.