Фото: МИА

Украинското Министерство за инфраструктура денеска соопшти дека е постигнат договор за 120 дена продолжување на иницијативата за извоз на украинско жито преку црноморските пристаништа.

– Оваа одлука штотуку беше донесена во Истанбул. Обединетите нации и Турција остануваат гаранти на иницијативата – се вели во соопштението.

Првичниот договор постигнат во јули помогна да се избегне глобална криза со храна со тоа што дозволи извоз на храна и ѓубрива од неколку украински пристаништа на Црното Море блокирани од Русија.