Фото: Илустрација/Принтскрин - Јутуб

Бунтовниците Хути во Јемен ослободија повеќе од 100 воени заробеници, соопшти денеска Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Затворениците се ослободени рано утринава во Сана, која сега е под контрола на Хутите.

– Се надеваме дека ова го отвора патот за понатамошни ослободувања и обезбедува утеха за семејствата кои со нетрпение го очекуваат повторното обединување со нивните најблиски – рече Дафне Марет, шефица на делегацијата на Црвениот крст во Јемен.

Еден од ослободените со здравствени проблеми со возило на брза помош е префрлен во неговиот роден град во Јемен.

Се верува дека има уште илјадници заробеници од војната во Јемен што започна во 2014 година меѓу бунтовниците поддржани од Иран и владата поддржана од Саудиска Арабија.

Многу од нив се водат како исчезнати.