Близок соработник на кинескиот претседател Чин Ганг е назначен за министер за надворешни работи на Кина, јави денеска државната радио станица.

Ганг (56), во кого кинескиот претседател Си Џинпинг има голема доверба, ќе го замени Ванг Ји, кој ја извршуваше оваа функција од март 2013 година.

Новиот шеф на кинеската дипломатија беше амбасадор во Вашингтон од јули минатата година, а претходно три години беше заменик министер за надворешни работи.

Досегашниот министер Ванг Ји беше избран за член на Политбирото на кинеската Комунистичка партија во октомври и се очекува да игра важна улога во надворешната политика.