Фото: Пиксабеј

Најмалку четири лица загинаа, а неколку други се ранети во престрелка во американскиот град Кинг Сити, во Калифорнија, соопштија властите.

Надлежните органи соопштија дека пукањето се случило синоќа, по забава во двор од куќа, при што тројца мажи починале на лице место, додека една жена била пренесена во болница, но таму била констатирана смрт.

Полициската управа на Кинг Сити соопшти дека тројцата повредени мажи биле пренесени во болница.

Полицијата соопшти дека тројца непознати лица излегле од возилото и пукале во група луѓе во дворот од куќата. Истрагата е во тек.