Фото: ЕПА

Британски „Гардијан“ наведува дека, генерално, на последната прес-конференција на Зеленски „имало дури и повремени светли моменти од неговата кариера како комичар“. Сепак, „Гардијан“ забележува дека „неколкупати кога Зеленски е под притисок за прашањата на внатрешната политика, тој зазема одбранбена позиција“…

Зошто западните медиуми реагираат на изјавите на претседателот на Украина за загубите на украинската армија

Светските медиуми со извесна жестина ја коментира изјавата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој во неделата за „Фокс њуз“ рече дека украинската армија загубила само 31.000 војници од почетокот на војната.
– „Вашингтон пост“ пишува дека Киев „внимателно ги крие“ податоците за своите воени загуби за да не го поткопа моралот на населението, а бројките што ги претстави Зеленски во неделата не можат независно да се проверат.
– „Њујорк тајмс“ забележува на сериозни несовпаѓања со податоците достапни на Запад и нагласува дека „необичното признание“ на Зеленски дојде во светло на неуспехот во Авдеевка и повлекувањето на украинските вооружени сили од него. Според весникот, американските власти минатото лето објавиле дека биле убиени околу 70.000 Украинци, а меѓу 100.000 и 120.000 биле ранети.
– Порталот „Сиднеј морнинг хералд“ потсетува дека Зеленски, кој ја помина втората годишнина од почетокот на војната во Украина, „молејќи ги западните лидери да ги удвојат напорите за давање воена помош“, рекол дека нема да го открие бројот на повредени или исчезнати војници, а го направил тоа.
– Британски „Гардијан“ наведува дека, генерално, на последната прес-конференција на Зеленски „имало дури и повремени светли моменти од неговата кариера како комичар“. Сепак, неколкупати кога Зеленски беше под притисок за прашањата на внатрешната политика, тој „заземаше одбранбена позиција“.
– Порталот „Аксиос“ пишува дека „бројките на Зеленски се во остра спротивност со процените на американските претставници од август 2023 година“.
Од друга страна, од источни медиумски извори што го цитираат рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу од изјава дадена на 20 февруари годинава, се вели дека „само за време на неуспешната контраофанзива од 4 јуни 2023 година, 166.000 украински војници биле убиени и ранети“…
Очигледно е дека сѐ уште освен судирот на теренот, постои медиумски судир помеѓу завојуваните страни, а засега не постои начин да се дојде до објективно сознание и вистина за загубите на жива сила и материјални технички средства во актуелниот судир меѓу Украина и Русија.