Фото: Пиксабеј

Британскиот министер за здравство Саџид Џавид поднесе оставка денеска, што ја втурна владата на премиерот Борис Џонсон во криза.

Џавид нагласи дека ја изгубил довербата во способноста на Џонсон да владее во националниот интерес по низата скандали, велејќи дека „повеќе не може да продолжи со чиста совест“. Тој рече дека многу пратеници и јавноста ја изгубиле довербата во способноста на Џонсон да владее во националниот интерес.

– Сепак, со жалење можам да кажам дека ми е јасно дека оваа ситуација нема да се промени под ваше водство – и затоа ја изгубивте мојата доверба – наведе Џавид во писмото до Џонсон.

Оставка поднесе и министерот за финансии Риши Сунак.

Сунак на Твитер напиша: „Признавам дека ова е можеби мојата последна министерска работа, но верувам дека вреди да се борам за овие стандарди и затоа поднесувам оставка“.