Фото: Маја Јаневска - Илиева

И покрај дождот и оваа вечер продолжи протестот против францускиот предлог, што се одржува пред Владата.
Голема група граѓани го поминаа мостот на реката Вардар и продолжија кон зградата на Министерството за надворешни работи.

Пред Владата, насобраните граѓани им дофрлаа на полицајците во кордон за тоа зошто не им се придружат во протестите.

Некои од демонстрантите фрлија и петарди.