Фото: Маја Јаневска - Илиева

Демонстрантите ја урнаа оградата од пред Собранието. Помала група влезе на тревата пред законоданвиот дом.
Тие фрлаа со факли, петарди, камења, шишиња и други предмети кон зградата.

Искршени се прозорци и оштетена е фасадата на Собранието.
Можеа да се чујат повици за оставка, навредливи зборови кон политичарите, премиерот, претседателот на државата, министерот за надворешни работи.
Полицискиот кордон се распореди на работ од улицата што поминува пред Собрание, а оттаму ги потисна демонстрантите кон паркот „Жена-борец“. Демонстрантите и понатаму фрлаат со предмети кон полицајците. Има повредени полицајци, а најмалку двајца од демонстрантите се приведени.
Повеќето од демонстрантите се веќе разотидени, меѓутоа протестот сѐ уште трае.