Фото: Принтскрин

Звукот на артилеријата се слуша во шума во Донбас зафатена од магла. Истрели на митралези и експолозии на гранати одекнуваат околу руските позиции во Бахмут, пренесува „Гардијан“, кој го опишува стратешки важниот украински град како „мелница за месо“.

– Не ми се допаѓа кога е тивко. Тоа ме прави напнат. Маглата е тактичка – вели низ своевидна шега припадникот на украинските сили Андриј во изјава за британскиот весник.

За жестоките борби на истокот на Украина зборуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Ситуацијата на фронтот останува многу тешка во клучните области Донбас – Бахмут – Соледар – Маринка – Кремина. Тема област што не е оштетна од гранати и од оган. Окупаторите го уништија Бахмут и го претворија во изгорени руини – кажа Зеленски.

Градот со популација од 72 илјади, во изминатите шест месеци спадна на 12 илјади жители, кои главно се кријат во подрумите.

Бахмут беше гранатиран во мај, а стана воена цел на Русија по повлекувањето на украинските сили во август. Градот сега се смета за единствена област на фронтот на која руските сили се обидуваат да остварат напредок.

– Битката за Бахмут стана судир на волја дефиниран од руските напори и украинската решителност за блокирање на пробивот, што отстапуваат и од стратешката логика на бојното поле – пишува „Гардијан“.

Руските сили пристапуваат со итност бидејќи се проценува дека зимските услови би ги забавиле нивните напори кон средината на месецов. Бахмут е опкружен со тежок терен на ридишта со шума и градови во распаѓање.

– Дури и ако руските сили продолжат да напредуваат кон и во Бахмут, дури и ако издејствуваат украинско повлекување од градот, Бахмут сам по себе нуди мали оперативни придобивки – се вели во проценката на Институтот за воени студии.

Двете страни плаќаат голема цена во битката, со бројни жртви со што е неизвесно каков ќе биде исходот.