Силен земјотрес го потресе подрачјето на Босна и Херцеговина. Според првите информации, магнитудата била 4,8 степени, пишува ЕМСЦ.
Епицентарот бил на 24 километри од Мостар и 10 километри од Широки Брег.
– Се почувствува и кај нас – јавуваат од Далмација за хрватските медиуми.
Засега нема информации за евентуални штети или повредени.