Фото: МИА

Европскиот комесар за добрососедска политика и проширување Оливер Вархеи, на самитот Западен Балкан – ЕУ, што денеска се одржува во Тирана, изјави дека планот за раст е амбициозен и оти предвидува двојно зголемување на средствата за Западен Балкан.

– Западен Балкан треба да биде интегриран во ЕУ, која мора да ги понуди сите придобивки од членството. Остана половина од времето за спроведување овој план, затоа регионот ќе треба брзо да напредува за да ги заврши реформите. Мора да ги примените правилата на ЕУ. Може да станете дел од европскиот пазар и пред да станете член на ЕУ, рече Вархеи, јави „Ора њуз“.

Според истиот извор, Планот на ЕУ за ЗБ предвидува забрзано спроведување на потребните рефорни, зголемување на инвестиции, што ќе може да го унапреди процесот на проширување на ЕУ со овие земји.