Фото: Вучиќ / инстаграм

Српскиот претседател Алексанадар Вучиќ изјави дека нема да каже ниту збор за денешната средба со претставниците на земјите од Квинте, наведувајќи дека така е подобро за сите.

Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил (buducnostsrbijeav) изјави дека донел одлука да не каже ниту еден збор за средбата со претставниците на земјите од Квинтата и шефот на делегацијата на ЕУ во Србија.

– Мислам дека е подобро за сите –  напиша Вучиќ.

Претседателот на Србија се сретна со претставниците на земјите од Квинте – САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и со шефот на делегацијата на ЕУ. Средбата се одржа во зградата на Генералниот секретаријат на Претседателот на Републиката.