Фото: МИА / Илустрација

Акцијата за гаснење на пожарот што избувна во Кинескиот трговски центар во блок 70 во Нов Белград е многу сложена, се слушнале неколку детонации, а во гаснењето се вклучени и хеликоптери, изјави за Н1 началникот на Одделот за вонредни ситуации Лука Чаушиќ.

– Ваквите објекти се полни со запалив материјал. Имаме искуство со гаснење пред нешто повеќе од две години, кога успеавме да спасиме дури 200 локали од 360, меѓутоа, овде пожарот избувна многу брзо – наведе Чаушиќ.

Тој додаде дека пожарникарите пристигнале за 2-3 минути, а за пет минути почнале да го гаснат пожарот, што бил „во фаза на разгорување“.

Нема информации за повредени или загинати лица.