Фото: Пиксабеј

Тринаесетгодишник со нож и секира нападнал две лица во селото Радоево во Србија.

Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, повредени се 18-годишно момче и неговата 57-годишна мајка. Нападот се случил ноќеска во 3:33 часот.

Како што неофицијално пренесуваат медиумите, мајката од ударот со секирата се здобила со повреди на главата и итно била пренесена во Клиничкиот центар во Војводина, додека синот се здобил со повеќе убодни рани во пределот на градниот кош и со удар од секира во пределот на главата. Лекарите се борат за неговиот живот.

Таткото на 13-годишникот е приведен и задржан во притвор за кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице, а за истото дело ќе одговара и мајката.