Фото: принтскрин

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жосеп Борел, се обрати пред новинарите по денешната средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Аљбин Курти.

Борел на почетокот на своето обраќање рече дека денешниот состанок не бил редовен, туку е свикан поради влошување на ситуацијата на теренот.

– Мирот и стабилноста мора да победат, и затоа е свикана оваа средба. Овие разговори се водат во драматичен момент, додека војната во Украина продолжува. Сега не е време за подигање на тензиите – рече Борел.

Тој истакна дека на средбата било договорено разговорите да продолжат и во наредниот период, со цел нормализирање на ситуацијата на Косово.

– Најважни се следниве прашања. Тоа е прашањето за табличките и документите за влез и излез од Косово и Метохија. Меѓународната заедница не сака тензиите да се зголемат, а страните се одговорни за ескалацијата на теренот. За жал, ние денеска не постигнаа договор, но ова не е крајот на приказната. Двајцата лидери се согласија дека процесот мора да продолжи, и дека разговорите ќе продолжат и во наредниот период. Има уште време до 1 септември. Не се откажувам – рече тој.

Шефот на дипломатијата на ЕУ додаде дека приемот на Белград и Приштина во ЕУ мора да остане главна цел и дека двете страни мора да најдат начин да постигнат договор.

– Ова беше долг ден и сакам уште еднаш да повторам дека се согласивме да ги продолжиме разговорите, на политички интелигентен начин, со цел да создадеме безбедност и стабилност за сите граѓани во регионот. Ова е наша обврска и одговорност – заклучи Борел.