Фото: Принтскрин/Ал Џезира

Пожарот во Осиек е ставен под контрола. Ширењето на пожарот во компанијата за преработка на пластика „Драва интернешнл“ повеќе не е извесно, а од Владата ќе се бара да прогласи состојба на еколошка катастрофа поради овој настан, изјавија челниците на округот и на градската управа на Осиек, Анушиќ и Радиќ, по посетата на местото на пожарот.

Гаснењето било напорно, при што учествувале речиси 200 пожарникари со 82 возила, меѓу кои и многубројни противпожарни екипи од Славонија – јавува Хрватската радио-телевизија.

Во акцијата за гаснење на пожарот повредени се тројца пожарникари, од кои еден потешко.

Од Штабот на цивилната заштита Осиек – Барања претходно изјавија дека благодарение на отстранувањето запаливи материи и течности од просториите на претпријатието е спречена голема катастрофа.

Заменик-градоначалникот на Осиек и началник на штабот на Цивилната заштита, Драган Вулин, изјави дека кога станува збор за квалитетот на воздухот и водата во Осиек, според податоците од претходниот ден, нема зголемување на вредноста на ниту еден вид честички.