Фото: Милорад Додик/Твитер

Судот на Босна и Херцеговина го потврди обвинението на Обвинителството на Босна и Херцеговина против претседателот на Република Српска Милорад Додик и в.д. на  Службен весник, Милош Лукиќ, објавија денеска босанските медиуми.

Обвинителството на Босна и Херцеговина на 11 август поднесе обвинение против Додик и Лукиќ и го испрати до Судот на Босна и Херцеговина на потврда, а на 18 август Судот го врати на ревизија до Обвинителството, пренесува „Танјуг“.

Обвинението следеше откако Народното собрание на Република Српска на 27 јуни усвои два закони – за необјавување на одлуките на Канцеларијата на високиот претставник во БиХ (ОХР) во Службен весник на Српска и за неприменување на одлуките на уставниот Судот на БиХ.

Високиот претставник Кристијан Шмит ги поништи двата закони на 1 јули.

Откако Обвинителството на Босна и Херцеговина поднесе обвинение, претседателот на Република Српска поднесе кривична пријава против обвинителот Недимо Ќосиќ.

На почетокот на септември се одржаа собири на четири локации во Босна и Херцеговина, по линијата на ентитетот меѓу Федерацијата и РС, за поддршка на Милорад Додик, претседателот на РС и Милош Лукиќ, шефот на официјалниот гласник на тој ентитет.

После тоа, Додик најави усвојување на уредба за депортација на Кристијан Шмит доколку дојде во Република Српска.

– Ако дојде на состанок во Србија, ќе биде избркан – рече Додик и додаде дека се подготвува таков указ.

– Полициските станици ќе ја имаат таа задача -додава тој.

– Штом дознаат дека Шмит е во Република Српска, ќе имаат задача да организираат единици за да го извлечат – рече Додик.

Посочувајќи дека Шмит не е добредојден во Република Српска бидејќи не е избран во согласност со Дејтонскиот договор и процедурите во Советот за безбедност на ОН, Додик рече дека луѓето во Република Српска се на работ на трпение за оваа ситуација.

Додик изјави дека луѓето бараат од него да го прогласи Шмит за персона нон грата, што според меѓународните стандарди не е можно..

Помирливиот тон на Додик уследи по низата реакции кои уследија по најавата дека тој ќе издаде указ за депортирање на Кристијан Шмит доколку дојде во Република Српска.

Американскиот Стејт департмент ја осуди најавата на претседателот на Република Српска дека се подготвува указ за апсење и депортација на високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, доколку Кристијан Шмит влезе на територијата на тој ентитет на Босна и Херцеговина. .

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, на социјалната мрежа Х, порано Твитер, напиша дека Соединетите Американски Држави ги осудуваат заканите на Додик и порачаа дека недвосмислено стојат на Дејтонскиот мировен договор, овластувањата на високиот претставник Шмит и државата Босна и Херцеговина. .

Шефот на делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина и специјалниот претставник на ЕУ во Босна и Херцеговина, амбасадорот Јохан Сатлер, ги осудија и ги отфрлија последните изјави на Милорад Додик со кои се заканува забрана за влез на високиот претставник Кристијан Шмит на територијата на Босна и Херцеговина.

– Високиот претставник е назначен функционер на меѓународната заедница и има целосно право слободно да патува во БиХ. Овие изјави не само што поттикнуваат натамошни поделби во Босна и Херцеговина, туку претставуваат запалива реторика која во секој случај ја осудуваме – рече амбасадорот Сатлер.

Специјалниот пратеник на германската влада за Западен Балкан, Мануел Саразин изјави дека Германија нема да му дозволи на ентитетот Република Српска да му забранува на високиот претставник Кристијан Шмит да влезе на територијата на тој ентитет на Босна и Херцеговина.

– Тоа не е во ред, ние се противиме и нема да дозволиме“, нагласи Саразин, коментирајќи ја изјавата на претседателот на РС, Милорад Додик, дека РС ќе донесе указ за забрана на влезот на Шмит во тој ентитет, а дека, ако дојде во РС, ќе полиција да уапси.

Германскиот функционер рече дека Додик „се однесува неконструктивно и неодговорно кон функцијата на високиот претставник“ и дека изјавата „повеќе зборува за Додик, а таквиот разговор не води никаде“.