Фото: Принтскрин

Повеќе меѓународни организации, амбасади и држави вечерва насилството во северниот дел на Косово веднаш да престане, откако локалното српско население во градот Звечан се судри со косовската полиција. Локалните Срби се спротивставуваат на стапувањето на функција на албанските градоначалници во општините со доминантно српско населени.

НАТО соопшти дека најостро ги осудува, како што наведува, неиспровоцираните и целосно неприфатливи напади врз војниците на мисијата на КФОР во северниот дел на Косово и ги повика сите страни да се воздржат од потези кои ги зголемуваат тензиите. Портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску, во писмена изјава нагласи дека во тие напади се повредени повеќе војници на КФОР и дека насилството „мора веднаш да престане“.

Шефот на канцеларијата на Европската унија во Косово, Томаш Шуњог, остро ги осуди денешните случувања во Звечан и повика на намалување на тензиите.

„ЕУ во Косово силно ги осудува насилните акции на демонстрантите денеска во Звечан, вклучително и употребата на експлозиви против мировниците на КФОР“, напиша Шуњог на Твитер.

Амбасадорот на Велика Британија во Косово, Николас Абот, изјави дека нападите на демонстрантите врз војниците на КФОР и новинарите се неприфатливи.

Тој нагласи дека земјите на Квинта и ЕУ јасно ставиле до знаење дека, како што рече, мора веднаш да се преземат активности кои ќе ја деескалираат ситуацијата.

Припадници на КФОР на Косово, во Звечан, најнапред ги повикаа насобраните локални Срби да си одат дома, а потоа со шок бомби ги растераа од улиците. Србите фрлаа со камења и молотови коктели, а локалните медиуми јавија и дека има повредени. Србите на северот на Косово протестираат против влегувањето на новите градоначалници -, Албанци во општините со мнозинско српско население.