Фото: Маја Јаневска-Илиева

Пред многубројна публика, вечерва беше промовирана биографската книга за Велибор Џаровски – Џаро, „Живот на коцка“.
Авторка на книгата е неговата ќерка, новинарка Милица Џаровска, која на еден забавен начин ги носи читателите на возбудливо патување низ животот на Џаро.

– Времето ќе каже дали било живот на коцка, дали живот за коцка, дали живот со коцка… Но, веројатно, оваа книга ќе ни го објасни тоа – рече промоторот, актерот Игор Џамбазов.

Авторката рече дека има доволно материјал и за втора книга.

Фото: Маја Јаневска-Илиева