Фото/Илустрација: Пиксабеј

Истражителите пронајдоа „балканска врска“ со пучот во Германија

„Граѓаните на Рајхот“, ултрадесничарско германско движење што планираше државен удар, пред извесно време купиле оружје за своите терористички акции во Хрватска. Имено, според извори од истрагата, цитирани од хрватските медиуми, Александар Рајл, еден од поистакнатите членови на движењето, живеел во Хрватска, каде што се населил откако се оженил со Хрватка.
Хрватската полиција и Канцеларијата за сузбивање корупција и организиран криминал (УСКОК) спречија набавка на оружје за „Граѓаните на Рајхот“, а во заедничка акција со германската полиција биле уапсени десетина лица, меѓу кои и хрватски државјани. Истрагата утврдила дека дел од оружјето во Германија било користено за ликвидација на десничарските политички противници. Весникот го пренесува сведочењето на Хрватот Мартин М., кој се занимавал со набавка на оружје.
– Александар го запознав во Германија, тој беше муштерија во мојата автомеханичарска работилница. Еднаш ми даде пиштол за самоодбрана, но подоцна ме замоли да му купам оружје во Хрватска. Имал жена во Задар. Ми се јави еднаш кога бев во Хрватска и ме замоли да земам пакет во Загреб. Извесен Иван дојде со автомобил со задарски регистарски таблички и ми даде пакет, но јас го отворив подоцна бидејќи беше тежок, а во него имаше пушка ПАП, „калашников“, два пиштола и мала пушка со оптички нишан. Александар бил заинтересиран за автоматско и кратко оружје, пушки пумпарици, „скорпиони“ и „калашникови“. Оружјето што го возев во Германија за него беше наменето за десничарските партии што се вооружуваат – им рекол Мартин на хрватските инспектори.
Во постапката пред Жупанискиот суд во Осиек, најголем дел од обвинетите хрватски државјани беа осудени на условни и безусловни затворски казни.
Ова признание, како и прислушувањето на разговорите на шверцерите од страна на хрватскиот УСКОК, доведоа до неодамнешната осуда пред судот во Минхен против Александар Рајхл, Мартин М. и уште еден член на „Граѓаните на Рајхот“.