Српската полиција уапсила две лица што ја убиле двегодишната Данка Илиќ и го признале делото, соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ, а пренесоа српските медиуми.
– Со какви монструми ние имаме работа. Сега ја водат полицијата до местото на кое го фрлиле телото на детето – изјави Вучиќ.
Тој ѝ се заблагодари на полицијата на трудот и ангажманот.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март околу 13.45 часот, во Бањско поле кај Бор.