Фото: ЕПА

ФУДБАЛ

Групната фаза на Копа либертадорес почна во вторникот, а најпрестижниот клупски фудбалски турнир во Јужна Америка има награден фонд од повеќе од 225 милиони долари, вклучувајќи 23 милиони долари за шампионот, што ќе го направи 65-то издание најбогато во историјата на турнирот, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). Бразилските клубови ги освоија претходните пет титули во Копа либертадорес, и тоа Фламенго во 2019 и 2022 година, Палмеирас во 2020 и 2021 година, а Флуминенсе го освои својот прв трофеј во минатата година. Главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, ќе биде домаќин на финалето на 30 декември, пишува АП. Н.М.