За потсетување, бугарските власти и претходно изјавија дека нема да се откажат од воведувањето на еврото

Новата бугарска центристичка влада е решена да ја внесе Бугарија во еврозоната во 2024 година, изјави денеска министерот за финансии на земјата, Асен Василев.

-Уште еднаш како цел потврдивме дека Бугарија ќе го воведе еврото од 1 јануари 2024 година. Целата работа ја работиме во техничка смисла. Се оди прилично добро, така што сметаме дека нема да има проблеми-рече Василев во интервју за Ројтерс.

Тој додаде дека е „прилично сигурен“ за утврдениот датум за влез на Бугарија во еврозоната.

За потсетување, бугарските власти и претходно изјавија дека нема да се откажат од воведувањето на еврото.

Сепак, поддршката за влез на Бугарите во еврозоната е нестабилна, бидејќи околу половина од граѓаните веруваат дека тоа би имало негативни последици, а повеќе од три четвртини се загрижени за можните шпекулативни зголемувања на цените, според јулскиот национален барометар.