Илустрација / Фото: Пиксабеј

Авион на компанијата „Маратон еирлајнс“ (Marathon Airlines), авиокомпанија која врши летови за „Ер Србија“, слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ со дупка на трупот и оштетено крило, во неделата вечерта, на 18 февруари.

Како што може да се види на фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи, поради истекување гориво, пожарникарите морале да го испрскаат леталото со пена, за да избегнат пожар. Во авионот имало 106 патници.

Во таква состојба, авионот кружел над Белград еден час пред да слета, како што е потврдено од Flightradar.24, систем за следење на авиони во реално време.

Компанијата „Ер Србија“ не соопштува детали, само кусо соопшти дека авионот на летот за Дизелдорф е вратен од технички причини, а безбедноста на патниците не била загрозена.