Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поднесе оставка од функцијата, соопшти РТС.
Како што пренесува телевизијата, тој истакнал дека на претседателската функција служел верно и чесно и дека одлуката ја донел со цел да може да учествува на претстојните парламентарни избори како обичен граѓанин.
Пред обраќањето во Претседателството на Србија, Вучиќ им се обрати на граѓаните кои беа собрани пред седиштето.
По обраќањето, Вучиќ го потпиша текстот на оставката и најави дека во текот на утрешниот ден ќе ја предаде должноста на претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ, која ќе ја извршува функцијата вршител на должноста претседател на Републиката.
– Утре наутро, колку што е потребно, откако оставката ќе стигне до Народното собрание, ќе ѝ ја предадам должноста на госпоѓата Брнабиќ, која ќе биде вршител на должноста претседател на Републиката – изјави Вучиќ.
Тој додаде дека според Уставот и законите, претседателските избори треба да се одржат до крајот на декември, додека парламентарните избори се закажани за 25 октомври.
Вучиќ информираше и дека на претпоследниот ден од својот мандат донел одлука за аболиција и помилување на 49 лица.
– Од нив, 23 лица се поврзани со сите овие тешки настани низ кои поминавме во последната година и половина – рече Вучиќ.
Тој не наведе дополнителни детали за лицата опфатени со одлуката за помилување.






































