Од Владата на Хрватска си заминуваат министерката за регионален развој и фондови на Европската унија Габриела Жалац, министерот за земјоделство Томислав Толушиќ и министерката за социјална политика Нада Мурганиќ, соопштeно е по денешниот состанок во ХДЗ.

Сменетите министри веќе го напуштиле седиштето на партијата, јави „Индекс.хр“.

Премиерот Андреј Пленковиќ во моментов има средба со претставници на коалициските партнери.