Албанскиот премиер Еди Рама истакна дека би гласал за обединување помеѓу Албанија и Косово доколку има референдум по тоа прашање, пренесува албанскиот портал „Егзит’“. Тој ги изнесе ваквите размислувања на меѓувладиниот состанок помеѓу Албанија и Косово во Елбасан одржан во петокот.

Рама посочи дека очекува референдум по ова прашање во иднина, но оти не знае кога и како би се одржувало изјаснувањето. Косовскиот премиер Албин Курти, пак, кажа дека референдумот е долг процес кој не е под контрола на неговата влада. На состанокот беа потпишани неколку договори за олеснување на протокот на роба и на царинската контрола помеѓу Албанија и Косово, како и за издавање на петгодишни работни дозволи и за признавање на факултетските дипломи.

Српската влада реагираше остро на ваквите најави, со што премиерката Ана Брнабиќ порача дека референдумот би бил уште една пречка што би подрива темелите на регионалната безбедност и стабилност.