Загреб – Хрватскиот премиер и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, добил плик со бел прав, во кој имало и порака со закана за смрт, потврди викендов неговата партија. Агенцијата „Хина“ неофицијално дознава дека текстот на пораката испратена до Пленковиќ, која била во плик, завршувала со зборовите „а за предавниците, еден од лековите е и новичок“. „Откако вработените во ХДЗ повикале полиција, тие го зеле пликот со сомнителна содржина, по што била почната истрага“, се вели во соопштението на ХДЗ.

Подгорица – Црногорските здравствени власти викендов одлучија рестриктивните мерки да бидат воведени во пет града во „црвената зона“ според бројот на заразените со коронавирусот, а решението за можно затворање на главниот град Подгорица ќе биде донесено откако ќе пристигнат резултатите од тестовите на 200 примероци од Германија. Од денеска полициски час од 22 до 5 часот ќе биде воведен во Будва, Улцињ, Цетиње, Колашин и на Жабјак, вклучувајќи и затворање на училиштата, детските градинки и угостителските објекти, соопшти директорот на црногорскиот институт за јавно здравје Бобан Мугоша.