Авионот на компанјата „Блу Панорама” кој сообраќал на релација Тирана – Анкона бил принуден да слета неколку минути по полетувањето од меѓународниот аеродром во Тирана.

Авионот, во кој имало повеќе од 50 патници, меѓу нив и деца, полетал нормално во 7 часот и кога прелетувал во просторот над Драч почнал да испушта црн чад кој се појавил и во пилотската кабина и почнал да се шири во внатрешноста.

Според патниците, настанала паниика, по што им било најавено дека се враќаат назад. Авионот направил неколку опасни маневри пред успешно да слета.

– Им благодариме на пилотите, само нивната присебност и искуство не спасија од ужас. Беше страшно, настана паника, децата почнаа да плачат, но ете сè се заврши добро – вели еден од патниците.

Стручни лица вршат контрола на авионот за да се утврди причината.