Американската амбасада во Тирана денес објави видео во кое објаснува дека е среќна што големата воена вежба на НАТО „Дифендер 21“, предводена од САД, се одржува и во Албанија.

Според амбасадата, 28.000 припадници на мултинационалните сили од 26 земји учествуваат во вежбата, која ќе спроведе разни воени операции во повеќе од 30 области во 12 земји.

Приштинските медиуми објавија дека косовската армија учествува за првпат во вежба на НАТО.

Воената вежба „Дифендер“ се одржува во неколку фази во 12 земји, од 26 април до 13 јуни.