На источниот егејски остров Лезбос дојде до судир помеѓу група од околу илјада азиланти што се обиделе од логорот Мори да дојдат до островскиот главен град Митилена и силните полициски сили.

Инцидентот се случил кога полицијата не дозволила барателите на азил да дојдат во градот и фрлила солзавец.

Мигрантите ги запалиле соседните имоти, а уште илјада се спуштале од околните планини, движејќи се кон градот.

Пожарникарите се обидуваат да го изгасат пожарот во областа.

Маршот на бегалците е организиран во знак на протест против лошите услови за живот во државниот камп, во кој се сместени неколку пати повеќе луѓе отколку што се предвидува според неговиот капацитет, пренесува „Катимерини“.

Локалните медиуми во Лезбос објавија дека полицијата употребила солзавец за да ги растера групите демонстранти кои се обидувале да го пробијат кордонот поставен на главниот пат кој води од Морија до Митилена и дека судирите продолжуваат додека маршот напредувал кон главниот град на островот.