Заврешен е процесот на аутопсија на 86 тела на загинатите во пожарите во Грција, а паралелно во тек е и процесот на нивна идентификација, соопшти денеска раководителот на грчкиот Институт за судска медицина, Никос Каракукис.

– Завршивме со истрагата на судската медицина за телата на починатите донесени во мртовечницата. Беа вкупно 86. Преостанува процесот на идентификација што го врши друга служба – изјави Каракукис.

Идентикацијата на жртвите се вршти во лабораториите на грчката полиција.

Според ова, бројот на жртвите од катастрофалните пожари во Грција се зголеми на 86, иако последните официјални информации од противпожарната слижба од вчера попладне говореа за 83 загинати.

Каракукис ова го објаснува со фактот што на некои од телата било пронајден ги генетски материјал од други лица.

– Разликата во бројот се должи на фактот што постојат делови од коски кои им припаѓаат на три лица, а со тоа бројот се зголемува на 86 – објасни Каракукис.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во атинскиот Институт за судска медицина од рано утрово доаѓаат роднини на загинатите и исчезнатите. Некои за дополнителни примероци ДНК, други за да ги земат телата на веќе идентификуваните лица. Забележителна е и голема фреквенција на возила од погребални компании.

Институтот за судска медицина го посетија и експерти по генетика од Германија, кои неофицијално, според информациите од терен, им помагаат на нивните грчки колеги.