Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и досегашен министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, е избран за претседател на српскиот парламент. Со 226 гласа „за“ и 1 „против“ беше изгласан за новата функција.

– Сакам да им се заблагодарам на сите што гласаа за мојот избор на висока функција. Сакам да им кажам на оние што не гласаа или беа против дека ова е собрание на сите граѓани и дека единственото нешто што го барам е толеранција. Само обединета Србија може да одговори на предизвиците што нè чекаат. Му благодарам на претседателот Александар Вучиќ на предлогот за мојот избор и за мене како државотворен политичар, ова пртетставува најголема чест оти ова е една од највисоките места во власта во државата. Сакам да придонесам за политичкото единство во Србија и да го заштитам угледот на Собранието – изјави Дачиќ.

Пред да биде избран за претседател на Собранието, Дачиќ ѝ ја предаде должноста шеф на дипломатијата на премиерката Ана Брнабиќ, која ќе биде в.д. на позицијата до изборот на новата влада, што се очекува в среда, 28 октомври.