Во Шпанија се спасени 123 мигранти кои се обиделе да го поминат Медитеранот, соопшти Шпанската поморска служба за спасување.

Како што наведува Службата, мигрантите тргнале од Северна Африка, а се движеле со 12 чамци, кои припадниците на Службата ги пресретнала рано утрово во Гибралтарското Море.

Вчера и завчера, Службата спаси повеќе од илјада мигранти кои се упатиле кон европските брегови.

Шпанија во текот на оваа година прими повеќе од 20.000 мигранти, откако италијанските и малтешките власти одбија да примаат мигранти во своите земји.