Шест лица загинаа во пожар кој избил во мал дрвен објект, што го користеле бездомниците во предградие на Варшава, соопшти полската противпожарна служба.

Кога пристигнале пожарникарите објектот бил во пламен и ги пронашле телата на шест бездомици.

Полиција и обвинителството покренаа истрага.