Пет кандидати на Републиканската партија влегоа во трката за тоа кој ќе биде кандидатот од нивната партија што ќе го предизвика актуелниот претседател Емануел Макрон на претседателските избори во Франција, закажани за следната година во пролет.
Меѓу кандидатите што влегоа во потесниот круг на партијата се поранешниот министер за здравство Ксавие Бертран, поранешниот европски преговарач за брегзит Мишел Барние, пратеникот од Ница, Ерик Сиоти, шефот на ургентниот центар во водечка париска болница, Филип Жувен, и шефицата на регионот Ил-де-Франс, Валери Пекрес.
Околу 150.000 члена на партијата, која влече корени од францускиот воен херој Шарл де Гол, гласаа по електронски пат, а резултатите од првиот круг од гласањето беа објавени неделава. Најдобрите двајца кандидати ќе продолжат во вториот круг, а победникот во партијата, кој ќе биде му биде всушност противкандидат на Макрон, се очекува да биде избран викендов.