Главниот преговарач на Европската унија за Брегзит, Мишел Барние утре ќе има средба со британскиот тим за преговори.

– Барние утре ќе има средба со британскиот обвинител Џефри Кокс и со министерот за Брегзит, Стивен Баркли – најави портпаролот на Европската комисија.

Средбата што ќе се одржи во Брисел ќе биде организирана откако во саботата Барние изјави дека ЕУ е подготвена да и даде дополнителни гаранции на Велика Британија за да помогне за одобрување на договорот за Брегзит во Парламентот во Лондон.