Американската армија за првпат го распореди својот најнапреден систем за воздушна и ракетна одбрана во Израел, соопштија американски и израелски воени лица.

– Распоредувањето почна во почетокот на месецот, и требаше да тестира способност на американската армија да распореди брзо такво оружје ширум светот – изјави портпаролка на Американската команда за Европа.

Армијата на САД соопшти дека одлуката за брзо покренување на ТХААД системот во Израел имала за цел демонстрација на континуирана посветеност на САД за израелската регионална безбедност.