Поранешниот американски полицаец познат како „убиецот од Голден Стејт“, призна 13 убиства, како и околу 50 силувања и упади во домови во Калифорнија во 1970-тите и 1980-тите.

Џозеф де Анџело (74) призна вина, во рамки на договор со обвинителите кој го штити од смртна казна, во замена за признавање на сите злосторства што ги сторил во 11 окрузи на Калифорнија.

Според договорот, Де Анџело е соочен со казна доживотен затвор без можност за условно ослободување.

Обвинителите изјавија дека со спогодбата сакале да се осигураат дека многу преживеани, како и семејствата на жртвите, сведоците и истражителите, гледаат решение за случајот.