Штефан Б, осомничениот за убиство на две лица во близина на синагогата во германскиот град Хале, се изјасни за виновен и рече дека делото било мотивирано од екстремно десничарски, антисемитски убедувања, јавија германските медиуми.

Осомничениот, кој објавил расистички и антисемитски манифест и го пренесувал во живо пукањето што се случи во средата, детално им го опишал инцидентот на германските судии, се вели во извештаите на медиумите, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.