Француска група за заштита на животната средина поднела тужба поради потенцијална опасност по здравјето од олово кое било регистрирано во воздухот за време на пожарот што ја зафати Богородичната црква на 15 април.

Стотици тони олово се истопија во пожарот во април, а исклучително високо ниво на олово е регистрирано во воздухот во околината на црквата, пренесе АП.

Француската група ја поднела тужбата поради свесно загрозување на човековиот живот. Оттука тврдат дека партиските власти во Париз требало да преземат итни мерки за заштита на граѓаните.