Американскиот претседателот Трамп во својот прв говор по националната конвенција на републиканците, рече дека кандидатката на Демократската партија за потпретседателка, Камала Харис, „не е доволно компетентна“ за да стане првата жена претседател, сугерирајќи дека неговата ќерка Иванка би била многу подобар избор, објавува „Бизнис инсајдер“.

– И јас сакам да има прва жена претседател, но не и на таа позиција да дојде Харис, која не е компетентна. Сите велат дека ја сакаат Иванка. И јас ги разбирам – рекол Трамп пред симпатизерите во Њу Хемпшир.