Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со бразилскиот колега Жаиро Болсонаро во Вашингтон, и ја спомна можноста за влегување на Бразил во НАТО.

– Имам намера да му дадам на Бразил статус на водечки сојузник, кој не е член на НАТО, или можно е тој да стане и сојузник член на Алијансата – истакна Трамп.

Според него, со тоа значително ќе се засилат безбедноста и соработката помеѓу двете земји. Претходно, на разговорите во Белата куќа, Трамп порача дека е наклонет да го поддржи членството на Бразил во НАТО со оглед на сегашните односи помеѓу двете земји и особено неговите односи со Болсонаро.